Хрватскиот фудбал во црно: Почина Чиро Блажевиќ

Филип Здравески
/ 08.02.2023 / 13:22

Славниот фудбалски тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација, Мирослав „Чиро“ Блажевиќ почина утринава.

Блажевиќ од 2011 година се бореше со рак, двапати го победи, но третиот пат за жал не успеа. Почина два дена пред својот 88. роденден.

Мирослав Блажевиќ е роден во 1935 година во Травник, Босна и Херцеговина, и е босански Хрват. Беше фудбалер, десно крило, а кариерата ја започна во локалниот Травник. Сепак, сениорската кариера ја почна во загрепски Динамо, играше и за Локомотива, Сарајево, Ријека, швајцарските Сион и Мутје. Играчката кариера ја заврши на 31 година, а набрзо потоа заплива во тренерските води.

Во 1982 година на Динамо му ја донесе титулата шампион на Југославија, наредната година и Купот на Маршал Тито, а потоа го предводеше и Грасхоперс до врвот на Швајцарија.

Од 1994 до 2000 година беше селектор на Хрватска, што и најмногу го прослави откако на Мундијалот во Франција 1998 на дебито на својата држава ја однесе до полуфиналето и ја закити со бронзениот мадал.

Тренерската кариера ја заврши во 2015 година на клупата на Задар.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Фудбал

Родри една година не доживеал пораз

Read more

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Read more

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Read more

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Read more
 

Спорт

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобрата единаесетка на 21. век

Читај повеќе
  • play_arrow

Бразилците лути по ремито во Мадрид: Без ВАР, повеќе нема да играме пријателски натпревари

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо повторно има нова ѕверка, со моќен мотор

Читај повеќе

Ангеловски распали по ФФМ и Милевски: Наместо подобрување, со својата нестручност ја растурија најдобрата генерација

Читај повеќе

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Читај повеќе