Хрватскиот ракометар Тот не бил претепан во скопски ноќен клуб, но се бори за живот

Порталот Ракомет24 првично објави дека хрватскиот ракометар Денис Тот (27) бил брутално претепан.

Нападот наводно се случил во ноќен клуб во Скопје, а веста ја пренесоа бројни медиуми од регионот. Но, директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, ги демантираше ваквите написи и извести дека Тот бил донесен во болница на реанимација, анестезија и интензивна нега во критична состојба поради срцев удар.

„Ракометарот е во критична состојба. Слободно, можам да кажам дека се бориме за неговиот живот. Но, тоа што е чудно е дека тој нема видливи знаци на насилство. На нашата клиника беше донесен без срцева акција. Правиме сè што можеме во моментот за да му го спасиме животот“, вели доктор Мојсова во изјава за „Фокус“.

Медиумите пишуваа дека ракометарот на Бутел бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од нападот биле избришани. Исто така, се пишуваше дека Тот бил удиран со боксирачи и палки по целото тело. Од болницата тврдат дека нема траги на насилство.

Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија соопшти дека од СВР Скопје Клинички центар во четвртокот во 4:11 часот биле известени дека Д.Т. (27) бил донесен во бессознание и без видливи знаци на насилство и веднаш му била укажана лекарска помош.

„СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот и за тоа соодветно ќе ја извести јавноста“, стои во соопштението.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе