По неколку средби договорот конечно е постигнат: Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем, пренесуваат англиските медиуми.

Пред еден месец беше познато дека шпанскиот стручњак преговара со клубот од Лондон, но договорот не беше постигнат во првиот обид, па следуваа уште две средби.
Сѐ уште не е познато за колку долго ќе биде потпишан договорот, но во медиумите се шпекулира дека ќе биде на две или три години.
Вест Хем сезоната во Премиер лигата ја заврши на 9-тото место, со кое не може да се задоволи, а кога почна да бележи лоши резултати стана јасно дека менаџерот Дејвид Мојс ќе добие отказ, па почнаа шпекулациите за неговиот наследник. Мојс оствари скор од 14 победи, 10 ремија и 14 порази.
Што се однесува до Лопетеги, тој досега работеше како тренер на Севиља, Реал Мадрид, Вулверхемптон, Порто и Рајо Ваљекано но беше и селектор на шпанската репрезентација, како и на младинските до 21 и 19 години.