Хуманитарна акција на Донирај компјутер, СОС Детско село и Нептун: 109 компјутери за 109 деца без родителска грижа

Организацијата „Донирај компјутер“ постои веќе седум години и до сега има донирано повеќе од 2600 компјутери на семејства кои не поседуваат ИТ уред. Организацијата работи на начин  што ги поврзува големите компании и граѓани кои донираат компјутери а тие после репарација ги распределуваат таму каде што има потреба.

Истовремено организацијата соработува со Нептун Македонија со тоа што овозможува  секоја продавница на Нептун во сите градови да преставува собирен пункт за донирање на ИТ опрема.

„Со оглед на тоа дека компанијата е сериозен стратешки партнер на СОС Детско село увидовме исклучителна можност за спојување со нашиот друг партнер ‘Донирај компјутер’ сè со цел повторно да придонесеме во мисијата обезбедување можност за соодветно вклучување на сите деца и ранливата група на деца без родителска грижа во образовниот процес“, вели Александра Тасевска од Нептун.

Во рамките на СОС Детско село минатата година е отворен Центарот за поддршка на згрижувачки семејства каде во моментот се вклучени 73 згрижувачки семејства интегрирани во заедницата со 138 деца без родителска грижа.

„Покрај задачата за промоција на згрижувањето, центарот работи и во областа на континуирана помош и насочување на згрижувачките семејства да обезбедат грижа каква што му е потребна на детето сместено кај нив. Таква една акција беше и акцијата ‘Донирај компјутер’ која обезбеди 109 компјутери за сите 73 згрижувачки семејства. Како и за другите деца, така и за децата кои се сместени во згрижувачки семејства централен дел од вештините коишто им се потребни за да бидат успешни во учењето, работата и животот се токму дигиталните вештини и поради тоа искажуваме голема благодарност до здружението Донирај компјутер. Навистина ги надмина нашите очекувања, особено заради тоа што денес со гордост можеме да кажеме дека заеднички обезбедивме компјутери за секое згрижувачко семејство“, вели Александра Ивановска од СОС Детско село.

„Донацијата беше договорена за ‘5 минути’. Може да се каже дека покрај тоа што ова беше огромна донација, успеавме да обезбедиме уреди за повеќе од 70 семејства за околу 1 месец. Тоа вклучува поправка, инсталација, пакување и испорака. Донацијата од 109 уреди го поткрена нивото на организираност и функционалност на едно повисоко ниво и претставува рекорд во испорачани уреди за многу краток временски период.

За крај ќе упатам еден апел до сите компании, доколу имате компјутери кои не ви се потребни сега имате можност да ги донирате. Со самата ваша донација помагате на огромен број на семејства, деца, студенти, училишта. Или со мои зборови, менувате човечки судбини“, рече Борче Стаменов од Донирај компјутер.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Read more

Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе плива во пари, а кој ќе има празни џебови?

Read more

Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Read more
 

Магазин

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Читај повеќе

Три најчести митови за СИДА и ХИВ

Читај повеќе

Секојдневни навики со кои го оштетувате имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

70-годишна жена од Уганда роди близнаци

Читај повеќе

Најдобри зеленчуци за слабеење кои може да се комбинираат со многу јадења

Читај повеќе

Финансиски хороскоп за 2024: Кој знак ќе плива во пари, а кој ќе има празни џебови?

Читај повеќе

Најдобриот антиинфламаторен пијалак за подобрување на имунитетот

Читај повеќе
  • play_arrow

Со едноставен трик лебот ќе остане свеж многу подолго

Читај повеќе
  • play_arrow

Десерт на денот: Торта со макарони

Читај повеќе