Kia го освежи моделот Picanto
Kia го освежи својот најмал модел Picanto кој пристигнува во Европа во третиот квартал од оваа година.
Ќе се понуди со нова безбедносна технологија, а со новите мотори има пониска емисија на штетни гасови.
„Picanto е еден од најпродаваните модели во повеќе региони во светот, а особено е популарен помеѓу европските купувачи“, вели Емилио Херера, извршен директор на Kia Motors Europe.
Унапредениот Picanto во Европа ќе се понуди со три нови бензин мотори кои имаат помала потрошувачка и пониска емисија на CO2. Моторите се 1.0 Т-GDi со 100 коњски сили, 1,0-литарски мотор од 67 коњски сили или 1,2-литарски DPFI мотор со 84 коњски сили.