Kia „растура“ во Европа

Според најновите податоци објавени од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), во 2022 година во Европа Kia достигна нов рекорден удел на пазарот од 4,8% од сите продадени патнички автомобили на пазарот.

Ова е зголемување од 7,9 отсто во однос на претходниот рекорден удел на овој бренд, 4,3 отсто во 2021 година.

Продажбата на возила на Kia на пазарите во ЕУ, ЕФТА и Обединетото Кралство се зголеми на 542.423 возила, што е раст од 7,9 отсто во споредба со 2021 година кога беа продадени 502.677 возила.

Растот на Kia е за разлика од европскиот пазар на патнички возила, каде што бројот на новорегистрирани возила во 2022 година се намалил за 4,1%.

На продажбата на Kia позитивно влијаеше зголемената побарувачка за нејзините електрифицирани модели, што претставуваше речиси една третина од продажбата во Европа минатата година - 30,9% (176.149 возила).

Минатата година Kia забележа неколку значајни достигнувања низ Европа. Во Обединетото Кралство, најстариот јужнокорејски автомобилски бренд постигна рекорден пазарен удел од 6,2 отсто и за прв пат надмина 100.000 продадени возила. Импресивни, рекордни пазарни удели беа забележани и во Полска (8%) и Шпанија (7,8%), додека Kia стана најпродаваниот автомобилски бренд во Холандија (9,7%). Покрај тоа, Kia сега е меѓу трите најпродавани брендови во Хрватска, Финска, Исланд, Полска, Словачка, Шпанија и Шведска.

Со своите четири варијанти на каросерија, Ceed беше најпродаваниот модел на Kia во Европа (137.347 примероци регистрирани за прв пат). Порасна и продажбата на Sportage (136.293 продадени примероци), додека Niro со 80.461 продадени примероци беше трет најпродаван модел на Kia во 2022 година.

Џејсон Јеонг, претседател на Kia Europe, рече: „2022 беше уште една многу успешна година за Kia. Го постигнавме нашиот најголем удел на пазарот досега и нашата растечка палета на електрифицирани модели освои повеќе награди и признанија. EV6 е веќе на почетокот на година ја освои титулата Европски автомобил на годината, што беше првпат за кој било производител од Јужна Кореја, а оваа година блиску беше Niro, кој беше финалист за 2023 година.“

Покрај наградата Европски автомобил на годината за моделот EV6, Kia минатата година доби и бројни награди:

• (Велика Британија) Kia EV6: „Автомобил на годината“ – What Car?

• (Франција) Kia EV6: „Семеен теренец“ и „Кросовер“ – Trophée de L'Argus

• (Европа) Kia EV6: Red Dot Design „Најдобриот од најдобрите“ во категоријата иновативни производи

• (Германија) Kia Niro EV: „Златен волан“ – Auto Bild

• (Шпанија) Kia Sportage: „Автомобил на годината“ - ABC

• (Грција) Kia Sportage: „Грчки автомобил на годината“ - Институт за автомобил на годината

• (Велика Британија): Kia: „Производител на годината“ - списание Top Gear

Во 2023 година, Kia ќе го забрза спроведувањето на својата стратегија фокусирана на клиентите за да стане водечки снабдувач на решенија за паметна мобилност. Минатата година, корејскиот гигант го подобри своето производство и испораките во Европа со цел да стане уште поотпорен на вознемирувачките светски настани и да може да ги исполни своите еколошки ветувања. Овие промени поддржани со редовни испораки на критичните компоненти ќе ѝ овозможат на Kia да исполни дополнително зголемување на побарувачката и да го намали времето на испорака.

Тагови
реклама

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Свинско со зеленчук во фолија: Месото ќе се распадне под вилушката

Read more

Дел од фабрика за муниција во Италија летна во воздух

Read more

Фрапантно: Директорка на основно во Прилеп сече јавори оти ѝ сметале паднатите лисја

Read more

Авто новости

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Read more

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Read more

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Read more

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Read more

Автомобили

Mansory подготви два екстремни и уникатни Bugatti

Читај повеќе

Tesla повлекува возила Model 3 и Model Y поради проблем за кој знае од 2024 година

Читај повеќе

Жештината е опасна и за автомобилот: 5 работи на кои треба да внимавате

Читај повеќе

Кои се најдобрите половни автомобили до 3.000 евра? 

Читај повеќе

Повлечени Volvo XC40 возила поради ризик од пожар

Читај повеќе

Како сами да отстраните мали гребнатини од автомобилот без да ја оштетите бојата?

Читај повеќе

Од која земја доаѓаат најагресивните возачи?

Читај повеќе
  • filter

Како Škoda Octavia постигна екстремни 365 км/час пред 15 години?

Читај повеќе

Novitec го претстави суптилно модифицираниот Ferrari 12Cilindri Spider

Читај повеќе