Киев пушта во акција досега невидено оружје: Украинците сега се на самиот врв

Макфакс
/ 22.05.2023 / 12:27

Украинците наскоро во борбата против руската морнарица ќе стават во акција стелт експлозивна роботска подморница.

Толока ТЛК-150 е првото подводно беспилотно летало кое е целосно дизајнирано и изградено во Украина и е производ на новото воено-цивилно партнерство наречено Брејв1. Поморските аналитичари велат дека тоа претставува голема технолошка надградба за Украина.

„Русија има нови големи проблеми во Црното Море“, изјавил поморскиот аналитичар Сатон, кој го опишал Толока ТЛК-150 како „убиец на торпеда“.

„Ова е природна еволуција на украинските поморски дронови!“, истакнува тој.

Толока е збор што се користи на руски и украински за да се опише спонтан заеднички проект дизајниран да го промовира општото добро.

За разлика од беспилотните површински возила што претходно ги користеше Украина за вознемирување на Црноморската флота на Крим, Толока ТЛК-150 лизга под површината на водата, што го отежнува забележувањето и пресретнувањето.

Долг нешто повеќе од 2,5 метри, обликуван е како торпедо – елегантен и тенок, со висок навигациски перископ. Носи и товар со експлозив, чии детали не се откриени.

Сатон открива дека Украинците сега се на самиот врв на развојот на поморските беспилотни летала и можат да ѝ обезбедат значителна предност на украинската морнарица.

„Бидејќи се работи за подводно возило, помалку е можно да се открие и потешко е да се неутрализира со пукање. Тоа е речиси нерешлив проблем. Нејзината боева глава, исто така, удира под водената линија, така што е поголема веројатноста да ја потоне својата цел“, рече тој.

Брејв1 не соопшти кога Толока ТЛК-150 ќе стапи во употреба, но се очекува тоа да биде во следните неколку недели или месеци.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе