Филм & ТВ

Кијану Ривс е вистински џетлмен - никогаш не ги допира жените со кои се фотографира

11. јуни 2019 - 18:06 | А.С.

Facebook група укажа на уште една прекрасна карактеристика на обожаваниот и мистериозен холивудски актер Кијану Ривс.

Обожавателите забележаа дека 54 е вистински џентлмен и тоа го докажува фактот дека кога се фотографира со жени воопшто не ги допира.

Facebook страницата Unprofessional Madman сподели неколку фотографии на кои го укажува специфичното позирање на Кијану Ривс.

Објавата веднаш наиде на позитивни реакции кај корисниците на социјални мрежи и доби 8.000 лајкови и над 2.000 коментари.

Многумина го пофалија актерот дека е „вистински џентлмен“, а други коментираа „колку повеќе работи дознавам за него, толку повеќе го сакам“.

Имаше и коментатори кои сметаат дека Ривс едноставно е внимателен и намерно не ги допира девојките и жените со кои се фотографира, за да одбегне „претпоставки и обвиненија за недолично однесување“, имајќи го предвид „времето во кое живееме, кога секој е цел на феминистите“.

Секако, имаше и такви кои сметаа дека Ривс најверојатно само го почитува личниот простор на другите, бидејќи и самиот е многу приватна и повлечена личност.

Коментирај