Кијану Ривс: Го прочитав сценариото, „Matrix 4“ е многу амбициозен филм

Минатата година филмскиот свет го разбранува веста дека ќе се снима римејк на култниот „Matrix“.

Фановите беа бесни, но потоа стигна појаснување – се снима „Matrix 4“, односно се враќаат Кијану Ривс и Кери-Ен Мос како Нео и Тринити.

Иако се познати многу малку детали за новиот проект, едно е сигурно – сценариото е напишано и според Ривс, е одлично.

Кијану Ривс завчера се појави на премиерата на филмот „Semper Fi“, чиј продуцент е неговата полусестра Карин Милер, а новинарите го распрашаа за новиот „Matrix“.

„Го прочитав сценариото и апсолутно сум одушевен од приказната што ги очекува главните јунаци“, рече Ривс и додаде дека „филмот е навистина амбициозен“, но и дека „таков и треба да биде“.

Првиот дел од филмот имаше премиера во 1999 година. Тогаш заработи 460 милиони долари, а досега франшизата има заработено 1,6 милијарди долари.

Браќата Вачовски ги снимаа првите три дела од франшизата, пред и двајцата да го променат полот и сега се сестрите Вачовски – Лари стана Лана, а Енди – Лили.

Сега само Лана се враќа да го раскаже четвртиот дел од приказната за светот во кој ако ја земете „вистинската“ пилула, откривате дека сте приклучени на огромна машина која ве лаже дека живеете, а вашата енергија го движи светот во кој владеат машините.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Филм & ТВ

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Read more

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Read more
 

Сцена

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна првиот тизер трејлер за новиот Joker, обожавателите поделени

Читај повеќе
  • filter

Фаворитот за новиот Бонд се појави на црвениот тепих со 24 години постарата сопруга

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Шакира се потруди никој да не дознае дека глумела во теленовела?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе