Кандидатот за директор на јужнокорејската разузнавачка агенција, Чо Те-јон, изјави дека како најверојатен наследник на врховниот лидер на Северна Кореја ја гледа ќерката на Ким Џонг Ун, Џу Е.

Џу Е, за која се верува дека е родена во 2012 или 2013 година, се најде во центарот на вниманието кога татко ѝ ја донесе на местото за лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета 화성포-17 (Хвасон-17) на 18 ноември 2022 година за време на нејзиниот прв јавен настап, објави јужнокрејската новинска агенција 연합뉴스 (Јонхап).
Оттогаш, нејзините јавни активности се фокусирани на воени настани. Севернокорејските државни медиуми почнаа да ја нарекуваат Џу Е почитуваната ќерка на Ким наместо неговата сакана или најомилена ќерка, што ги поттикна шпекулациите дека таа се подготвува да биде наследничка на Ким.
„Врз основа на анализите на нејзините јавни активности и нивото на почит од моментот на нејзиното појавување во јавноста, се чини дека Ким Џу Е, најверојатно, ќе биде наследничка“, рече Те Јон.
Сепак, тој рече дека се отворени сите можности кога станува збор за наследување на власта во Северна Кореја бидејќи сегашниот лидер на Северна Кореја е сè уште млад и очигледно нема здравствени проблеми, а има и други роднини што би можеле да го наследат.
Премногу е рано да се каже дали Џу Е би можела да биде наследничка на Ким Џонг Ун бидејќи Северна Кореја е патријархално општество во кое доминираат мажи.
Се верува дека Ким има уште две дец: син роден 2010 година и дете чиј пол не е познат родено во 2017.