Најлоша ситуација во историјата

Ким Џонг Ун призна дека Северна Кореја се соочува со историски глад

Б.С.Б.
/ 09.04.2021 / 11:55

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, предупреди дека земјата се соочува со најлошата ситуација во историјата. Тој го предупреди народот да се подготви за тешка криза поради недостиг на храна.

Севернокорејскиот лидер вчера одржа говор на конференцијата на владејачката Работничка партија, предупредувајќи за „многу пречки и тешкотии“ со кои земјата се соочува.

Ситуацијата ја спореди со смртоносниот глад од 90-тите години на минатиот век, којшто следеше како последица поради изгубената поддршка од СССР, природни катастрофи и неуспешна економија. Лидерот вели дека сега земјата се соочува со најлошата ситуација во историјата.

Северна Кореја ги затвори границите поради пандемијата и ја замрзна трговијата со најголемиот економски сојузник, Кина. Исто така, земјата е под санкции поради понатамошното развивање на нуклеарната програма.

Ким ги повика партиските функционери на нов, потежок „исцрпувачки марш“ (познат и како марш на страдањето) со цел да му ги олеснат маките на народот. Исцрпувачки марш е термин, метафора со кој се означуваат маките на земјата за време на големиот глад во 90-тите години, кога починаа 3 милиони Севернокорејци по распадот на Советскиот Сојуз.

„Партијата мора да ја награди лојалноста на народот и да му стане вистински слуга“, истакна Ким.

Remote video URL
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе