Свет

Ким Џонг Ун испрати специјален подарок во Јужна Кореја

21. септември 2018 - 8:46 | М.Д.

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун, му испрати специјален подарок на својот јужнокорејски колега Мун Џае Ин - голема количина на ретки печурки „Matsutake“, истакна портпаролот во кабинетот на јужнокорејскиот претседател.

„Додека претседателот и неговата сопруга беа во посета на Северна Кореја, подарокот од Ким Џонг Ун пристигна утрово во воздушната база во Сеул. Станува збор за два тони печурки“, изјави портпаролот Јон Јунг.

Претседателот Мун му даде инструкции на својот кабинет за печурките рамноправно да им се поделат на сите разделени семејства на југ, кои не успеале да се сретнат со своите роднини во Северна Кореја, пренесуваат светските медиуми.

„Се надевам дека тие луѓе во печурките со мирисот на недопрената Северна Кореја, ќе можат да ја пронајдат утехата“, изјави Мун по тој повод.

Околу 10.000 луѓе и понатаму се разделени од своите семејства после крајот на Корејската војна од 1950-1953 година.

Коментирај