Свет

Ким Џонг Ун се обиде да биде кул – и не успеа

25. септември 2018 - 19:10 | А.С.

Фотографијата на која севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се обидува да го направи симболот на пријателството со прстите ги стопи срцата на луѓето во Јужна Кореја.

Да ве упатиме, корејскиот симбол за срце се прави со врвовите на показалецот и палецот на едната рака.

Музичарите од популарниот правец кеј-поп во Јужна Кореја почнаа да го користат симболот како начин да им се заблагодарат на своите обожаватели на концерти и потоа прерасна во симбол на пријателството што младите Корејци го прават кога се фотографираат со пријателите.

Ким ги омекна срцата на Јужнокорејците бидејќи се обиде да го направи овој симбол кога се фотографираше со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и нивната придружба, но обидот да биде кул не му успеа.

„Како го правите? Мене некако не ми успева да ја погодам формата“, рекол наводно Ким додека позирале.

Сепак, ваквиот потег се покажа како симпатичен и Корејците немаат негативни коментари за Ким. Напротив сметаат дека е добар чекор во насока на зближувањето на Северна и Јужна Кореја.

Коментирај