Кимел се обиде да се шегува со Малала на Оскарите, нобеловката го спушти на земја

Добитничката на Нобеловата награда за мир Малала Јусафзаи ја нарекуваат „херој“ поради начинот на кој одговори на неумесната шега на Џими Кимел на доделувањето на Оскарите.

Најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир беше на 95-тото доделување на Оскарите како извршен продуцент за филмот „Странец пред врата“, кој беше номиниран во категоријата за најдобар краток документарен филм.

URL

За време на паузата во шоуто, водителот Џими Кимел се симна пред публиката за да изведе уште еден сет од неговите шеги.

Тој ѝ пријде на Малала, ѝ се заблагодари што дојде и ѝ честиташе на номинацијата.

Меѓутоа, работите станаа чудни кога Кимел се преправаше дека поставува прашање од измислена гледачка а по име „Џоан“.

„Вашата работа за човековите права и образованието за жените и децата е инспирација“, започна Кимел.

„Како најмлада нобеловка во историјата, се прашувам, дали мислите дека Хари Стајлс го плукна Крис Пајн?“

Настана тишина, проследена со неколку посмевања, а на Малала ѝ беше видно непријатно.

„Зборувам само за мир“, му рече таа откако си дојде на себе.

Кимел додаде: „Знаеш што, затоа ти си Малала, а никој друг не е. Тоа е одличен одговор Малала. Победникот е Малала-ленд", ја заврши својата поента водителот, а публиката го награди со аплауз.

„Шегата“ на Кимел беше за пејачот и актерот Хари Стајлс и виралното видео во кое тој наводно плука по актерот Крис Пајн на премиерата на „Не грижи се, мила“.

Малала на својот Twitter профил го објави и видеото од Оскарите.

„Бидете љубезни кон луѓето“, напиша таа покрај објавата.

URL

Пакистанската активистка доби илјадници коментари во кои ја нарекуваат „херој“ и „инспирација“ за тоа како се справила со неумесната шега.

„Тотално непочитување и исмејување на неа и нејзината работа“, „Убаво му кажа и убаво изгледаше“, „Тоа беше страшно прашање. Прекрасно се справивте со ситуацијата“, „Гордоста на Пакистан“, „Секогаш достоинствена“, се само неколку од коментарите под објавата, која собра над три милиони прегледи.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Филм & ТВ

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Read more

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Read more

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Read more

Официјален трејлер за The Night Agent

Read more
 

Сцена

The Simpsons враќаат озлогласен лик од првата сезона

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки од снимањето на 6. сезона на The Crown

Читај повеќе
  • play_arrow

КАЈГАНА ПРЕПОРАКА: Зошто треба да ја гледате серијата You на Netflix?

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјален трејлер за The Night Agent

Читај повеќе
  • play_arrow

Орландо Блум се распеа среде паб за Свети Патрик

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв трејлер за BEEF, новата серија на Netflix

Читај повеќе
  • play_arrow

10 моменти во Friends во кои се пронаоѓаме и денес

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Disney „рециклираат“ анимации?

Читај повеќе