Кин во Јуве заработува 3 милиони евра годишно, а татко му е бездомник

Во Италија одекна веста дека таткото на напаѓачот и голема ѕвезда на Јувентус, Мојс Кин, е бездомник.

Кин (23) заработува 3 милиони евра годишно, а оваа сезона за Јувентус постигна 7 гола на 34 натпревари.

Меѓутоа, во центарот на вниманието во Италија деновиве се најде неговиот татко Биору Жан Кин (62), кој јавно призна дека е бездомник.

„Сопственикот на станот ме избрка поради долг од 13.000 евра. Тој не верува дека немам пари затоа што син ми е познат фудбалер. Мојс е мој син, но не знам ништо за него. Се обидов да контактирам со него, отидов да разговарам со поранешниот потпретседател на Јувентус, Павел Недвед, но на крајот ништо не се случи. Бездомник сум повеќе од еден месец и морам да размислувам за себе и како ќе си обезбедам покрив над главата. Апсурдно е што Мојс не сака да ми дава ни 10.000 евра годишно за да си ја платам киријата“, изјави Жан во интервју за Corriere della Sera.

Мојс не го крие фактот дека го избришал татка си од својот живот, а често повторува дека за него тој не постои бидејќи ги оставил мајка му Изабел, неговиот постар брат Џовани и него кога Мојс имал 4 години.

Жан откако го напуштил семејството се вратил во Африка откако сопругата и мајка на Кин сакале да се преселат во Англија. Потоа повторно се преселил во Италија и има друга жена со која има други три деца.

И покрај ова, корисниците на Twitter сочувствуваат со Жан и го повикале Мојс да се погрижи за својот татко.

„Грешев, во животот направив многу грешки. Се извинив и само сакам моите деца да ми простат. Децата се познаваат, но се се дружат. Стареам и многу би сакал да го видам моето семејство заедно. Секој ден се молам тоа да се случи“, вели Жан.

„Ми делува апсурдно што синот не му помага финансиски. Доволни се 10 илјади евра годишно за да се покрие киријата“, вели Дарио Талоне, градскиот татко на Фосано, гратчето каде живеат Жан и полубраќата на Кин. Тој вели дека се обидува да им помогне на секој можен начин и дека не сфаќа како Мојс на таа пара не сака да одвои нешто што за него е капка.

Кин е Котиворијанец, но е роден во Италија и се одлучи да настапува за оваа држава. Неговите родители имигрирале во Италија од Брегот на Слоновата Коска.

Тагови
реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Read more

Фудбал

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Read more

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Read more

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Read more

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Read more
 

Спорт

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе
  • play_arrow

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Читај повеќе

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе