Кина: Ако Американците не го сменат курсот, дефинитивно ќе има конфликт

Кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг предупреди дека ќе има „конфликт и конфронтација“ доколку Вашингтон не успее да го промени курсот во односите со Пекинг.

Изјавата доаѓа во време на зголемени тензии околу конфликтот околу Тајван, руската инвазија на Украина и дебатата за потеклото на коронавирусот, објави Associated Press.

Изјавата на шефот на кинеската дипломатија сугерира дека Кина не е подготвена да се откаже од својата конфронтирачка реторика. Чин на вчерашната прес-конференција рече дека политиката на Вашингтон за Кина „целосно отстапила од рационалниот и здрав колосек“.

„Ако Соединетите Американски Држави не прикочат, туку продолжат да забрзуваат по погрешниот пат, никакви заштитни огради не можат да го спречат излетувањето од шините, а ќе дојде до конфликт и конфронтација. Таквото натпреварување е безобѕирно коцкање, каде влоговите се фундаменталните интереси на двете нации, па дури и иднината на човештвото“, додаде Чин на својата прва прес-конференција по преземањето на функцијата минатата година.

Во меѓувреме, кинескиот претседател Си Ѓинпинг ги обвини западните влади предводени од САД дека се обидуваат да ја опколат и потиснат Кина.

„Западните земји предводени од Соединетите држави извршија сеопфатно задржување, опкружување и потиснување на Кина, што донесе невидени и сериозни предизвици за развојот на нашата нација“, рече Си, цитиран од официјалната новинска агенција Xinhua.

Кинескиот лидер истакна дека поради тоа Кина мора „да остане смирена, да ја задржи концентрацијата, да се стреми кон напредок додека ја одржува стабилноста, да преземе активни акции, да се обедини и да биде подготвена за борба“. Западните аналитичари велат дека односите на Кина со Вашингтон, Јапонија, Индија и другите азиски соседи се влошени бидејќи владата на Си води агресивна надворешна политика.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе