Кина бара да не се политизира потеклото на коронавирусот

Кинеските власти побараа истрагата на Светската здравствена организација за потеклото на пандемијата на COVID-19 да не се политизира, откако денеска тим од експерти на СЗО излезе од карантин во Вухан и почна со оперативна работа.

– Секоја акција заснована врз предрасуди, претпоставки, негативни шпекулации или дури и обиди за политизирање на ова прашање е несоодветна и претставува мешање во научната соработка меѓу СЗО и Кина, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Зао Личијан на прес-конференција, пренесува CNN.

Кинескиот функционер истакна дека целта на истрагата е да помогне во разбирањето на вирусот, неговите животни-домаќини и начините на пренесување, за да може поефикасно да се спречат можните ризици и да се најде одговор на слични глобални здравствени кризи во иднина.

Зао ги повика САД да работат заедно и одговорно со Кина, така што тимот на СЗО ќе може да спроведува истражувања и научни испитувања без мешање на политички фактори.

CNN наведува дека кинескиот портпарол не ги опишал јасно следните конкретни чекори на тимот на СЗО по нивното излегување од карантин, но рече дека тие ќе продолжат да соработуваат со експерти во Кина во потрагата по потеклото на вирусот.

– Нивните активности вклучуваат дискусии, посети, инспекции. Сето ова мора да биде во согласност со принципот на научно следење на потеклото на вирусот, а во нивната работа тие мора да се придржуваат до сите релевантни регулативи за спречување на епидемијата во Кина, рече Зао.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе