Најмалку две лица загинаа, а 55 се повредени во експлозија што се случила во ресторан на главната улица во кинескиот град Хангџоу, соопштија градските власти.
Агенцијата AFP, повикувајќи се на изјави на градските власти, објави дека повредените биле хоспитализирани, а 12 од нив се здобиле со тешки повреди.
Експлозијата во ресторанот предизвикала пожар во една соседна продавница, кој набргу бил изгаснат.
Истрагата за инцидентот е во тек, а истражителите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од истекување на плин.
Во Кина ваквите експлозии се чести поради непочитување на безбедносните правила.