Кина ги отвора границите за странски туристи за првпат по 2020 година

Кина најави дека од утре ќе продолжи со издавање на сите видови визи и ќе ги отвори своите граници за странските туристи, за првпат после три години од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот.

Последната мерка за прекугранична контрола за COVID-19 беше укината минатиот месец откако властите прогласија победа над пандемијата.

Поттикнувањето на туристичкиот сектор треба да помогне во зајакнувањето на кинеската економија вредна 17 милијарди долари, која минатата година забележа една од најбавните стапки на раст во речиси половина век.

Кинеското МНР денеска соопшти дека во областите за кои пред пандемијата не беше потребна виза сега ќе се врати безвизниот режим, а тоа ги вклучува јужниот туристички остров Хаинан и минување низ пристаништето Шангај со брод за крстарење. Исто така, безвизен влез ќе има и за во јужниот производствен центар Гуандон за странците кои ќе доаѓаат од Хонгконг и Макао.

Министерството за надворешни работи, исто така, соопшти дека странците со важечки визи издадени пред 28 март 2020 година ќе можат да влезат во Кина.

Влезните и излезните меѓународни летови минатата недела се зголемија за повеќе од 350% во споредба со истиот период во 2022 година, на речиси 2.500 летови, според APP Flight Master. Меѓутоа, тие се само 17,4% од летовите во 2019 година.

Во 2022 година во Кина биле регистрирани само 115,7 милиони прекугранични летови, а од нив само 4,5 милиони биле странски.

Пекинг во декември ја напушти својата драконска политика за нулта стапка на COVID-19, а веќе во јануари го укина условот за самоизолација за патниците по пристигнувањето во Кина.

Тагови
реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе