Кина ги укина царините на уште 79 увозни призводи од САД

Пекинг, 12 мај 2020 (МИА) – Кина денеска објави нов список со 79 американски производи што ќе бидат ослободени од царините воведени во екот на билатералната трговска војна, како резултат на натамошниот притисок од Вашингтон врз Пекинг за зголемување на увозот од Соединетите Американски Држави.

Кинеското Министерство за финансии соопшти дека новото ослободување ќе стапи на сила на 19 мај и ќе трае до 18 мај 2021 година.

Најновиот список на производи на кој нема да се применуваат царините вклучува ретки рудни минерални суровини, како и руди од злато, сребро и концентрат.

Министерството не соопшти за вредноста на увозот на тие стоки.

Пекинг во февруари објави дека ќе одобри ослободување од давачки за 696 американски производи, вклучително и клучни производи, како што се соја и свинско месо, врз основа на барањата на компаниите за увоз.

Главните трговски преговарачи на Пекинг и Вашингтон минатата недела разговараа телефонски за спроведувањето на првата фаза од договорот потпишан во јануари.

Со договорот, Кина се обврза да го зголеми откупот на американска стока за 200 милијарди долари во текот на две години во однос на 2017 година, што беше земена како база, при што увозот се зголеми за околу 77 милијарди долари во првата година и 123 милијарди долари во втората.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе го раскине договорот доколку Кина не ги исполни своите обврски во врска со набавките.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Коронавирус и имунитет – научно објаснето

Read more

Италија забрани влез од 13 земји

Read more

Филипче: Повеќе од 20 дена со стабилен број на хоспитализирани пациенти

Read more

Бизнис

Forbes: Богатството на Џеф Безос надмина 180 милијарди долари

Read more

COVID-19: Што ќе се случи со светската економија?

Read more

Цените на нафтата паднаа под 43 долари, расте загриженоста поради ширењето на заразата

Read more

Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни банкноти

Read more

Вести

Рио ќе ги отвори плажите кога ќе се најде вакцина против коронавирусот

Читај повеќе

Италија забрани влез од 13 земји

Читај повеќе

Гутереш: Латинска Америка и Карибите се новата „жешка точка“ во пандемијата

Читај повеќе

Сончево со локална облачност, температурата до 35 степени

Читај повеќе

Почнаа мирни собири низ Србија, Вучиќ не се плаши

Читај повеќе

Кекеновски: Онака како што избега, така ќе го вратиме бегалецот од Будимпешта

Читај повеќе

Мицковски: Одзивот можеби нема да биде висок, но ќе биде кредибилен за идна Влада

Читај повеќе

Мисајловски: Плата од 36.000 денари за наставниците од основното и средното образование

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе