Кина го одложи почетокот на второто полугодие во училиштата и факултетите

Кина, поради епидемијата на коронавирусот, го одложи почетокот на второто полугодие во училиштата и факултетите до неопределено, соопшти кинеското Министерство за образование.

Пекинг вчера соопшти дека распустот за Кинеската Нова година ќе го продолжи до 2 февруари, меѓутоа денеска почетокот на наставата е одложен до натамошно известување.

„Универзитетите и високошколските установи под покровителство на Министерството треба на соодветен начин да го одложат почетокот на пролетниот семестар“, се вели во соопштението.

Според последниот биланс, Во Кина починаа 106 лица од коронавирусот, додека потврдени се 1.300 нови заразени случаи.

Градот Вухан, со 11 милиони жители, каде што е регистриран првиот случај на заболен од овој вирус, пред пет дена е ставен во карантин.

Јапонија денеска ќе испрати чартер лет кон овој град за да врати околу 200 граѓани, соопшти Владата во Токио.

Владата, исто така, ќе испрати доктори, медицински сестри и службеници за карантини со цел јапонските државјани да бидат прегледани во авион, соопшти Министерството за здравство.

Предвидено е авионот да се врати во Јапонија во среда, изјави министерот за надворешни работи Тошимицу Мотеги.

Со оглед на тоа што вкупно 650 Јапонци од Вухан сакаат да се вратат во својата земја, јапонската Влада ќе испрати повеќе летови за да ги однесе дома, информира Мотеги.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе