Кина им дозволи на двојките да имаат и трето дете

Кина усвои амандман на Законот за планирање на семејството што им овозможува на двојките да имаат три деца, како дел од обидот да спречи демографска криза, пренесува Радио Слободна Европа.

Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес вчера ги усвои измените на законот, како дел од повеќедеценискиот напор на владејачката Комунистичка партија да ја диктира големината на семејствата во согласност со политичките директиви.

AP потсетува дека од 80-тите години на минатиот век, Кина строго ја ограничи големината на семејството на само едно дете за повеќето парови, спроведувајќи таква политика со закани за парични казни или губење на работа, што доведе до злоупотреби, вклучително и принудни абортуси, пренесува Радио Слободна Европа.

Претпочитањето на синови доведе до сексуално селективни абортуси, што создаде огромна нерамнотежа во односите меѓу половите.

Правилата првпат беа олабавени во 2015 година, кога на родителите им беше дозволено да имаат две деца.

Најнаселената земја во светот долго време ја фалеше политиката за едно дете како инструмент со кој се спречи раѓање на околу 400 милиони бебиња, што значи заштеда на ресурси и зајакнување на економскиот раст.

Меѓутоа, наталитетот во Кина, паралелно со трендовите во Јужна Кореја, Тајланд и другите азиски економии, веќе паѓаше и пред правилото за едно дете. Според Светската банка, просечниот број на деца по мајка се намалил од 6 во 1960-тите на под 3 до 1980 година.

Во меѓувреме, работоспособното население на Кина се намали во последната деценија.

Според владиниот попис што се спроведува на секои десет години, популацијата се зголеми на 1,411 милијарди луѓе минатата година, наспроти 72 милиона во 2010 година.

Статистиката покажува дека минатата година се родиле 12 милиони бебиња, што е за 18% помалку отколку 14,6 милиони во 2019 година.

Кинезите постари од 60 години учествуваа со 18,7% во вкупното население во земјата во 2020 година, што е за 5,44 процентни поени повеќе отколку во 2010 година. Во исто време, процентот на работоспособни граѓани се намали на 63,3, од вкупно 70,1% колку што беше на пописот пред една деценија, пренесува Радио Слободна Европа.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе