Денеска Кина ја лансираше својата втора вселенска станица, која се смета за клучен чекор за мисијата на Марс до крајот на деценијата. Вселенската станица „Тиангонг 2“ ја понесе ракета лансирана од центарот во пустината Гоби, на северот на Кина.
Кина планира до следниот месец да го лансира вселенското летало „Шензу 11“ со двајца астронаути, кои на новата вселенска станица би требало да поминат еден месец.
Првата кинеска вселенска станица „Тоангонг 1“, лансирана во септември 2011 година, престана да работи на почетокот на ова година.
Кинеската вселенска станица, чие име значи „Небеско место“, се смета за клучен чекор кон мисијата на Марс.
Погледнете го видеото од лансирањето:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=goRzJM4PIEI]