Вакцината против COVID-19 на Sinopharm, развиена од Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба во Кина кај децата поголеми од 3 години.
Одлуката на кинеските власти за употреба на вакцината кај деца од 3 до 17 години денеска пред новинарите ја соопшти Шао Јиминг, главен експерт во Кинескиот центар за контрола и превенција на болести, пренесе Reuters.
Кина пред шест дена ја одобри вакцината Sinovac за итна употреба кај деца на возраст од 3 до 17 години.
Кина досега искористи вкупно 845.3 милиони вакцини, а вчера се дадени 20.4 милиони дози, наведено е во податоците на Националната комисија за здравство.