Кина ја предупреди Европската Унија: Не одете по погрешен пат

Макфакс
/ 08.05.2023 / 11:48

Европската Унија ќе ја наруши довербата и соработката меѓу Европа и Кина ако воведе санкции за кинеските компании за наводно помагање на Русија, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ван Венбин на прес-конференција.

„Доколку релевантните извештаи се вистинити, тогаш европската страна може сериозно да ја наруши довербата и соработката со Кина, да ги влоши поделбите и конфронтациите во светот“, рече дипломатот.

Тој нагласи дека Кина ја повикува европската страна „да не оди по погрешен пат, бидејќи во спротивно Кина дефинитивно цврсто ќе ги заштити своите легитимни права и интереси“.

Венбин истакна и дека односите меѓу Русија и Кина се отворени и не се насочени против трети земји.

„Трговско-економските односи меѓу Русија и Кина се фер и транспарентни, не се насочени против трети земји, не се предмет на мешање и принуда од трети страни“, рече Ван.

Дипломатот најави и дека кинескиот министер за надворешни работи Чин Ган ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка од 8 до 12 мај.

Претходно весникот Financial Times објави дека Европската Унија за прв пат ќе воведе санкции за кинеските компании кои наводно ја поддржуваат Русија во војната во Украина.

Според нацртот на новиот пакет санкции на ЕУ, до кои весникот имал пристап, станува збор за можно воведување санкции против седум кинески компании кои се обвинети за снабдување со опрема на Русија.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Свет

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Read more

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Read more

Гулабарник или ЕУ?

Read more

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе