Кина ќе го спои борбениот дрон со стелт ловецот J-20 Mighty Dragon

Најсофистицираниот кинески стелт ловец, J-20 Mighty Dragon, ќе работи заедно со новото борбено беспилотно летало што земјата го развива, а кое би можело да има иста брзина.

Труповите на ловецот Ј-20 и дронот FH-97A се слични, што значи дека дронот може да лета уште побрзо од Mighty Dragon. Спарувањето авион-дрон ќе го ослободи Ј-20 од борбите на првите линии за да може да се специјализира во активности за „команда и контрола, дистрибуција на податоци и препреки во комуникациите“. Ова ќе ги зголеми шансите на пилотите и нивните авиони да ја преживеат битката.

Осум помали „паметни“ ракети воздух-воздух или муниција ќе може да носи новиот борбен дрон, што ќе го компензира недостатокот на муниција во случајот со авионот Ј-20.

Дронот FH-97A го имаше своето деби во ноември за време на годишниот аеромитинг во Жухаи, Кина. Дронот го развива компанијата Feihong, оддел на владината China Aerospace Science and Technology Corporation.

Американското беспилотно летало Kratos XQ-58A Valkyrie на млазен погон е дизајниран да лета заедно со борбени авиони со екипаж како што се F-35 и F-22 и да се движи самостојно, во споредба со новиот брз борбен дрон. Сепак, воениот аналитичар Чоу Ченмин од Пекинг тврди дека тие се два различни дизајни со различни предности.

„Valkyrie е субсоничен дрон, додека FH-97A е супербрза варијанта“, рече Ченмин.

Кинеската Народноослободителна армија продолжува да инвестира ресурси во хибридно војување, кое ги комбинира вооружените системи со екипаж и беспилотни, поради што е клучно беспилотните летала да се интегрираат во борбените операции заедно со авионите со екипаж.

Доколку се произведат и распоредат повеќе такви „лојални крила“, војната со беспилотни летала може да ѝ помогне на кинеската војска да спречи американски авиони да вршат блиско извидување околу југоисточниот брег на Кина, тврди кинески поморски експерт.

„Војната со беспилотни летала може да ѝ помогне на војската да ги одврати американските авиони од извидување долж југоисточниот брег на Кина, особено ако Кина развие повеќе такви 'лојални крила' и почне да ги користи“, рече поморскиот експерт Ли Џје, истакнувајќи дека Кина ја истражува технологијата на беспилотни летала уште од 60-тите години на минатиот век.

Тој тврди дека војската ги зголемила инвестициите во хибридно војување, кое комбинира системи за оружје со екипаж и беспилотно оружје.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Вести

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе