Свет

Кина му одговори на НАТО: Ние сме мирољубива држава

5. декември 2019 - 16:47 | МИА

Американскиот унилатерализам им се заканува на државите од НАТО, а Кина е мирољубува сила, соопшти денеска кинеската Влада, откако Алијансата вчера, во својата завршна декларација од самитот во Лондон, за првпат официјален Пекинг го посочи како „предизвик“ за воениот сојуз, пренесоа француските медиуми.

За време на самитот 29-те земји членки вчера усвоија заедничка декларација во која за првпат зголемувањето на воената сила на Кина го оценија како „предизвик “, забележа БТА.

Во одговорот на декларацијата, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунин, изјави дека растењето на кинеската моќ е производ на една мирољубива сила.

Без да ги споменува САД, таа уверува дека поголема закана за светот е унилатерализмот и заплашувањето.

-Дури и самите сојузници на Америка стануваат жртва на оваа закана, рече портпаролката.

Коментирај