Кина одбива да учествува во втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот

Планот на Светската здравствена организација (СЗО) за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот содржи јазик што не ја почитува науката и Кина нема да го следи, изјави на прес-конференција Зенг Јинсин, заменик-шеф на Државниот комитет за хигиена и здравје на кинеската република, пренесува TASS.

-Што се однесува до предлогот на СЗО за втората фаза од истражувањето, тој содржи јазик што не ги почитува науката и здравиот разум. Ние нема да следиме таков план, рече тој.

„Кинеските власти ги поддржуваат научните истражувања“, рече Зенг. Тој, исто така, истакна дека Кина „се спротивставува на политизирањето на истрагата за потеклото на коронавирусот и смета дека втората фаза треба да се темели на резултатите од првата фаза“.

Претходно, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, соопшти дека организацијата се подготвува за втората фаза од истрагата за потеклото на коронавирусот SARS-CоV-2 и очекува транспарентност од кинеските власти. Тој истакна дека првата фаза се соочувала со одредени проблеми. Едниот од нив тој го нарече „пристап до податоци, особено до податоците за почетокот на пандемијата“.

Гебрејсус, исто така, не ја исклучи можноста ширењето на коронавирусот да било резултат на „вонредна ситуација во лабораторијата“.

Кинеското Министерство за надворешни работи во својот одговор изрази надеж дека експертите на СЗО за време на новата фаза на истражувањето ќе посветат поголемо внимание на теоријата дека коронавирусот бил донесен во Вухан со замрзната храна и не се појавил во лабораторија. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Свет

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Read more

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Read more

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Read more

Фон дер Лајен: ЕУ мора да почне да користи приватен капитал

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе