Кина почна со имунизација против COVID-19, иако вакцината уште се испитува

Кинеската вакцина против новиот коронавирус ја примија 350.000 луѓе иако клиничките испитувања уште се во тек.

„Доброволците“ најчесто се луѓе кои мораат итно да патуваат во странство поради работа или студирање. Иако досега нема пријавено позначајни несакани дејства, сепак постои загриженост бидејќи вакцината не е до крај проверена.

Пред Пекиншкиот институт за биолошки производи се извиваат долги редици за вакцинирање, а податоците покажуваат дека речиси 1.000 луѓе дневно ја примаат новата вакција. Иако другите држави не нудат никакви привилегии за лицата кои се вакцинирани против COVID-19, како на пример изземање од самоизолација, вакцинирањето сепак е сѐ попопуларно во Кина.

Според документите на компанијата која ја истражува вакцината, само неколку луѓе имале треска или главоболка откако ја примиле вакцината, но потоа состојбата им се подобрила. Од 1 до 3 отсто од доброволците кои ја примиле вакцината имале температура како нуспојава, од 2 до 8 отсто чувствувале исцрпеност, а 10% чувствувале болки. Врз основа на овие податоци, компанијата вели дека нема посериозни проблеми со вакцината.

„Вакцинирањето против коронавирусот беше исто како и секое друго“, вели 32-годишен вработен во државна компанија кој се подготвува да патува во Африка.

Жена која поради работата се преселила во Пакистан вели дека по вакцинирањето малку ја болело раката, но не забележала други нуспојави.

За да биде ефикасна, вакцината треба да се земе во две дози, а интерни документи од Институтот покажуваат дека времето на заштитеност е од една до три години.

реклама

Измерени повеќе од 15.000 пениси: Кој е златниот просек?

Read more

Зошто авионите не летаат преку Тихиот Океан?

Read more

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Катапулт поза: Повеќекратен оргазам за неа, дрска игра за него

Read more

Здравје

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Read more

Нов експеримент: Оние маски кои најчесто ги носиме, најмалку штитат

Read more

Коронавирусот може да преживее на кожата до девет часа

Read more

Кој е најмногу изложен на ризик од „долгорочен КОВИД“?

Read more

Магазин

Обожавате хорор филмови? Веројатно подобро се справувате со пандемијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа кивањето во забавена снимка?

Читај повеќе

Ана Винтур се разведува по 16 години брак

Читај повеќе

Седум предмети преку кои е најголема шансата да се заразите со корона

Читај повеќе

Осум лаги за сексот што важат само во порно филмови

Читај повеќе

Нов експеримент: Оние маски кои најчесто ги носиме, најмалку штитат

Читај повеќе

Коронавирусот може да преживее на кожата до девет часа

Читај повеќе
  • filter

Вистинско пријателство: На грб ја носел неподвижната другарка до врвот на Олимп

Читај повеќе

Зелени тестенини со печурки и свински врат

Читај повеќе