Кина создаде ѕвер со 8 цилиндри и 150 КС - ги исплаши Honda и Harley-Davidson

Еден од најголемите кинески производители на автомобили неодамна претстави голем туринг мотоцикл кој веќе се смета за потенцијален „убиец“ на легендарниот модел на Honda.

Тоа што кинеската автомобилска индустрија бележи сериозен напредок во последниве години, особено во сегментот на електрични возила, и дека зазема сè поголем дел од колачот на глобалниот пазар, не е ништо ново.

Меѓутоа, кога нешто неочекувано и - типично американско (добро, можеби и јапонско) - ќе излезе од кинеските фабрики, тогаш тоа секако е новост.

Еден од најголемите кинески производители - Great Wall Motors - неодамна претстави голем туринг мотоцикл придвижуван од голем 8-цилиндричен боксер мотор со волумен од 2 литра.

Се вика Souo S2000GL и на прв поглед може да се заклучи дека е направен за да ги следи легендите на оваа класа на две тркала предводени од Honda Gold Wing.

Во споредба со јапонскиот конкурент, кој го придвижува 2-цилиндричен мотор од 1.800 кубни метри, има 25 коња повеќе, па наспроти 125-те на Honda, Souo 2000 е придвижуван од 151 коњска сила. За преносот е одговорен менувач со 8 брзини и двојна спојка.

Кинеското чудовиште на две тркала има „автомобилско“ меѓуоскино растојание од 1.810 милиметри, а вкупната тежина од 461 килограм не е пречка за постигнување максимална брзина од 210 километри на час.

Овој крузер е опремен со 12,3-инчна дигитална инструмент табла, паркинг сензори и седишта со грејач. Стандардната опрема вклучува можност за редовно ажурирање на софтверот, додека бројни опции се достапни во три различни пакети на опрема.

Remote video URL

Souo S2000GL ги покажува своите амбиции не само со техничките карактеристики, туку и со својата цена, која не изгледа ниска ниту на домашниот кинески пазар, бидејќи моќниот крузер се нуди по почетна цена од 31.000 долари, што со повисоки пакети опрема оди до 37.000 долари.

За споредба, лидерот во оваа класа на мотоцикли, Honda Gold Wing Tour, на американскиот пазар се продава по цена од 26.000 илјади долари.

реклама

10.10 е магичен датум за три хороскопски знаци 

Read more

Рецепт за највкусната салата од зелка

Read more

Левица: Партијата која ги распродаде фабриките и остави илјадници стечајци не може да држи лекции за минимална плата

Read more

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Read more

Мотори

Дали брендот Ducati прв ќе „лета“ од Volkswagen?

Read more

Фински мотоцикл „на струја“ сруши Гинисов рекорд

Read more

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Read more

EV Fun Concept го најавува првиот електричен спортски мотоцикл на Honda

Read more

Автомобили

Volkswagen ги послуша критиките на возачите

Читај повеќе
  • play_arrow

Ова не е обичен тест: Volkswagen „испече“ електричен SUV на 160°C 

Читај повеќе
  • filter

Најголемиот камион во светот: Носи 450 тони, а колку троши?

Читај повеќе
  • filter

Новиот Twingo доби уникатен стаклен покрив, цената е вистинско изненадување

Читај повеќе

Две детски седишта за во автомобил паднаа на креш-тестот

Читај повеќе

Porsche AG го основа „Домот на спортските автомобили“

Читај повеќе

Сервисна акција на одредени Škoda возила

Читај повеќе

При која брзина автомобилот најмалку троши гориво?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Citroën ќе „оживее“ една од своите легенди

Читај повеќе