Кинеската тенисерка Пенг Шуаи се појави во јавност

Кајгана/МИА
/ 21.11.2021 / 11:54

Исчезнатата кинеска тенисерка, 35-годишната Пенг Шуаи, наводно се појави во јавноста, првпат од почетокот на овој месец, пишуваат денеска дел од кинеските медиуми.

Видеоснимки на кои се гледа тенисерката како се поздравува и потпишува топчиња пред насобрани деца објавија организаторите на тенискиот турнир во младински категории Чајна Опен, кој во моментов се одржува во Пекинг.

Покрај организаторите, „докази“ за појавувањето на тенисерката се појавија и на други интернет страници, а видеоматеријал и фотографии на кои може да се види 35-годишната Шуаи на својот Twitter профил сподели и главниот уредник на весникот Global Times, Ху Ксиџин.

Кинеските власти и тамошните државни медиуми претходно демантираа дека Шуаи е киднапирана, откако на почетокот на ноември објави дека висок кинески функционер сексуално ја злоставувал пред три години.

URL

Властите во Пекинг тврдат дека тенисерката се чувствува добро и престојува во нејзиниот дом, но ова станува уште повеќе сомнително.

Сите досегашни „докази“ од меѓународната заедница беа дочекани со голема резервираност, вклучувајќи го и ова прво наводно појавување на Пенг Шуаи во јавноста. 

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Тенис

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more

Медведев дивееше поради судиска одлука, па испадна од Монте Карло

Read more
 

Спорт

УЕФА го суспендираше Еми Мартинес

Читај повеќе
  • play_arrow

Верстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18. место

Читај повеќе
  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе