Кинеската вакцина е ефикасна само 50,4%

Според последните резултати, утврдено е дека вакцината против коронавирус што ја разви кинески Sinovac Biotech е ефикасна само 50,4%.

Ова значи дека вакцината е значително помалку ефикасна од она што претходно беше објавено, а потребни се над 50 проценти за регулаторно одобрување.

Минатата недела, истражувачите од Институтот Бутантан, кои спроведоа испитувања во Бразил, рекоа дека вакцината е ефикасна 78 проценти против „благи до тешки“ случаи на COVID-19. Но, денеска соопштија дека според најновите сознанија, во овој процент не влегуваат податоци од групи на „многу благи инфекции“, кај оние кои ја развиле болеста и примиле вакцина и на кои не им била потребна лекарска помош.

Со вклучувањето на овие податоци, стапката на ефикасност сега е 50,4 проценти, велат истражувачите.

Но, тие нагласуваат дека вакцината е 78 проценти ефикасна во спречување на поблаги случаи на кои им треба третман и 100 проценти ефективни во спречување на умерени до тешки случаи.

Резултатите од испитувањето на кинеската вакцина варираат од земја до земја.

Турските истражувачи минатиот месец соопштија дека вакцината CoronaVac е ефикасна 91,25%, додека Индонезија, која ја започна својата програма за масовно вакцинирање минатата среда, рече дека е ефикасна 65,3 проценти.

Кинеската вакцина е, заедно со онаа на производителот AstraZeneca, е втора што бразилскиот регулатор моментално ја разгледува за одобрување, а повеќе земји, вклучувајќи ги Индонезија, Турција и Сингапур, веќе ја нарачаа оваа вакцина, според BBC.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе