Кинески научници открија нов месечев минерал

МИА / КАЈГАНА
/ 09.09.2022 / 16:14

Кинески истражувачи открија нов месечев минерал, со испитување на примероците земени од Месечината во мисијата Chang'e 5 (嫦娥五号), соопштија денеска Кинеската национална вселенска агенција и Кинеската управа за атомска енергија.

Како што јави новинската агенција 新华 (Синхуа), тоа е првиот минерал откриен на Месечината во Кина. Новото откритие ја прави оваа далеку источна земја трета во светот која што открила нов минерал на нашиот природен сателит, според Дон Баотон, заменик директор на Управата.

Новиот минерал, што го доби името Чангесит-(Y), е вид безбоен проѕирен кристал во издолжен цилиндричен облик. Откриен е со анализа на месечевите базалтни честички, од страна на научен тим од Истражувачкиот институт за геологија и ураниум во Пекинг - огранок на Кинеската национална нуклеарна корпорација.

Чангесит-(Y) е официјално признат како нов минерал од Комисијата за нови минерали, номенклатура и класификација при Меѓународната минералошка асоцијација.

Тагови
реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе