Кинески научници тврдат: COVID-19 се појавил во САД пред Вухан

Со помош на математички модели, четворица кинески научници тврдат дека првиот случај на новиот коронавирус се појавил многу пред експлозијата во Вухан, односно помеѓу април и ноември 2019 година и тоа во североисточниот дел на САД.

„Резултатот од пресметките покажува дека епидемијата на COVID-19 во САД има висок степен на веројатност дека почнала да се шири околу септември 2019 година“, се вели во трудот објавен синоќа на 14 страници во ChinaXiv, репозиториум кој го води Националната научна библиотека при Кинеската академија за науки.

Трудот е потпишан од Чоиван Јан, Јунхе Ху и Чивеи Дин од Научниот и технолошки универзитет на Кина, како и од нивниот колега Тјанде Гуо од Универзитетот на Кинеската академија за науки.

Овој квартет научници си поставиле за цел да го одредат времето на потекло на пандемијата базирано врз податоци и хибриден модел. Ја моделирале позитивната стапка на тестирање за да одговара на вистинските трендови користејќи најмала квадратна проценка за да се добијат оптималните параметри на моделот, пред да ја применат кернеловата проценката за густина за да се одреди времето на потекло на пандемијата, со оглед на специфичната веројатност за доверба во добиениот резултат.

Официјално, првиот сличај на COVID-19 во САД беше регистриран на 20 јануари 2020 година, околу месец дена по екплозијата во кинескиот град Вухан. Меѓутоа, кинеските научници тврдат дека постои веројатност од 50% дека првиот случај претходно се појавил во 11 американски спојузни држави плус Федералниот округ Колумбија - најрано во април 2019 година во Род Ајленд и најдоцна во ноември истата година во Делавер.

Нивните примероци се состојат воглавно од североисточните американски сојузни држави Масачусетс, Вермонт, Њу Хемпшир, Конектикат, Род Ајленд, Њујорк, Њу Џерси, Делавер, Пенсилванија, Мериленд и Вирџинија со Мичиген и Лујзијана додадени во овој микс.

Голем дел од трудот е фокусиран на Мериленд, поточно локацијата Форт Детрик, американска воена база каде за време на Студената војна се истражувало биолошко оружје, а каде сега се наоѓа Американската програма за биолошка одбрана. Иако трудот не го именува Форт Детрик директно, многумина кинески официјални лица десетина пати повторуваа дека вирусот најверојатно излегол оттаму, спротивно на американските тврдења дека потекнува од Институтот за вирологија во Вухан каде истражување на вирус од лилјак тргнало наопаку.

Понатаму, научниците тврдат и дека освен во САД, вирусот пред да се појави во Вухан бил веќе појавен и во Шпанија, Франција, Италија и Бразил.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Свет

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Read more

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Read more

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Read more

Шведска денеска гласа за намалување на старосната граница за промена на полот

Read more
 

Вести

Стопирани сите летови на Alaska Airlines во САД

Читај повеќе

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Читај повеќе
  • play_arrow

Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода – драматични сцени од поплавениот Дубаи

Читај повеќе

Димитриевски во ДИК: Потребна е промена на Изборниот законик за сите да имаат еднакви шанси на изборите

Читај повеќе

Руската армија почна со повлекување од Нагорно-Карабах

Читај повеќе

Бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и локалитетите, 18 април

Читај повеќе

Јакимовски не го потпиша кодексот за фер и демократски избори: Големите партии веќе го прекршија Изборниот законик

Читај повеќе

Грејната сезона продолжува поради временските услови

Читај повеќе

Кривична против Курто Дудуш: За директори на градинка именувал лица кои не биле вработени во градинката

Читај повеќе