Кинескиот лидер ќе ја посети Русија за прв пат по инвазијата на Украина

Кинеското Министерство за надворешни работи потврди дека кинескиот претседател Си Ѓинпинг од 20 до 22 март ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација.

„На покана на претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, претседателот Си Ѓинпинг ќе престојува во државна посета на Русија од 20 до 22 март“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството во петокот.

Тоа ќе биде прва посета на Сии на Русија откако Путин ја нападна Украина минатата година. Кремљ објави дека двајцата лидери Владимир Путин и Си Ѓинпинг ќе разговараат за „стратешка соработка“.

„За време на разговорите ќе се разговара за актуелни прашања за натамошен развој на сеопфатни партнерски односи и стратешка соработка меѓу Русија и Кина. Планирана е и размена на мислења во контекст на продлабочување на руско-кинеската соработка на меѓународната сцена. Ќе бидат потпишани билатерални документи“, соопшти Кремљ.

Посетата ќе послужи за да се покаже блискоста на Русија и Кина во време кога Русија е под бројни санкции од западните земји поради инвазијата на Украина.

Претходно медиумите објавија дека кинескиот претседател по посетата на Русија ќе има телефонски разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Кина остана неутрална позиција по прашањето за војната во Украина и досега официјално не испрати оружје во Русија, но економски ја поддржува Русија со купување на големи количини од нејзините енергетски производи.

Тагови
реклама

Плутон влегува во Водолија после 200 години: Што ќе ни донесе?

Read more

Запознајте се со хотелите на Фибула за сезона 2023 и одберете одмор од соништата

Read more

Три најчесни знаци од Зодијакот на кои секогаш можете да се потпрете

Read more

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Свет

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Read more

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Read more

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Read more

Украински командант најави контраофанзива

Read more
 

Вести

Спречен транспорт на дрога вредна 100.000 евра, претреси во Арачиново, приведени двајца дилери

Читај повеќе

Се прават анализи кои цени можат да се ограничат, без да има дисбаланс на пазарот

Читај повеќе

Поскапе патарината во Србија

Читај повеќе

При полициска акција на наплатна рампа кај Тетово запленето големо количество дрога

Читај повеќе

Огромни резерви на гас и нафта откриени во Тунис и Либија

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски ја повика Бугарија да ги почитува пресудите на Судот за човекови права во Стразбур

Читај повеќе

Очекуваниот животен век во ЕУ намален во 2021 година на 80,1, кај нас на 73,2 години

Читај повеќе

УЈП: Апликацијата МојДДВ е прилагодена за скенирање до 2.100 денари

Читај повеќе

Кој всушност користи муниција со осиромашен ураниум и колку е таа опасна?

Читај повеќе