Кинескиот милијардер Џек Ма во еден ден стана побогат за 2,3 милијарди долари

Казната од неколку милијарди долари којашто кинеските регулатори ја изрекоа за Alibaba всушност го поттикна растот на акциите на овој гигант во е-трговијата, со што значително се зголеми богатството на Џек Ма, основачот на компанијата.

Акциите на Alibaba два дена по ред пораснаа на берзата во Хонгконг за 6%, додека на Вол Стрит во понеделникот за повеќе од 9%. Станува збор за најголемиот раст во последните 4 години.

Порастот на акциите оди во прилог на Џек Ма, чие богатство во еден ден порасна за 2,3 милијарди долари и изнесува вкупно 52,1 милијарда долари.

Џек Ма во моментов е дваесет и петтиот најбогат човек во светот и третиот најбогат човек во Кина. Минатиот викенд, кинеските пазарни регулатори му изрекоа казна од 2,8 милијарди долари.

Alibaba веднаш се согласи да ја плати казната и вети дека ќе обезбеди поотворена оперативна средина за своите трговци и партнери.

Тагови
реклама

За да ја задоволи сопругата, Србин направи куќа која се врти

Read more

Нема начин да се спречи удар од голем астероид

Read more

Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ раскинаа по 24 години врска

Read more

Жена од Мали роди девет бебиња – пет девојчиња и четири момчиња

Read more

Бизнис

Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Read more

Македонски Телеком со раст и зголемена добивка во првите три месеци од 2021 година

Read more

Apple забележа огромен раст на кварталните приходи од 54 отсто

Read more

Наследниците на Samsung мора да платат 10,8 милијарди долари данок на наследство

Read more
 

Вести

Германија ја дозволи вакцината на AstraZeneca за сите возрасти

Читај повеќе

Вработена во општина Гази Баба пријавила обид за напад од колега-советник

Читај повеќе

Објавена новата историска книга од проф. д-р Стефан Влахов - Мицов

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: позитивни 12,18% од тестираните, 26 починати

Читај повеќе
  • filter

Масовен протест во Атина, Ципрас и Варуфакис заедно со демонстрантите

Читај повеќе

„Волшебниот Моцарт“ за старт на серијалот „Мајски концерти“ на Националната опера и балет

Читај повеќе

Како да го забрзате растот на Вашиот мал бизнис со минимален влог?

Читај повеќе

Г7 повика на отпочнување на преговорите за членство Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Читај повеќе

Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Читај повеќе