Кинескиот Парламент го донесе спорниот закон за национална безбедност на Хонгконг

Кинескиот Парламент денеска го донесе Законот за национална безбедност за Хонгконг, но тој се уште не е објавен во службените гласила, јави кабелска телевизија од Пекинг, пренесена од британските медиуми.

Неидентификуван извор за ТВ станицата кажал дека кинескиот Парламент законот го донел едногласно.

Набргу откако локалните медиуми соопштија дека Пекинг го донел законот со кој ќе се донесат најрадикалните промени во Хонгконг од враќањето во кинеското владеење, активистот Џошуа Вонг изјави дека се повлекува од функцијата шеф на својата демократска група Демосисто.

Вонг изјави дека очекува тој да биде „главна цел“ на Законот за национална безбедност, од кој критичарите стравуваат дека ќе ги урниса слободите во поранешната британска колонија.

Јапонија, исто така, изрази жалење за усвојувањето на законот, истакнувајќи дека тој го поткопува кредибилитетот на формулата за управување „една земја, два система“.

Тајванската Влада денеска ги предупреди своите граѓани за ризикот од посети на Хонгконг. Новиот закон „сериозно ќе влијае врз слободата, демократијата и човековите права во Хонгконг“, се вели во соопштението на тајванскиот владин кабинет. Оттаму се додава дека тие ќе продолжат да им даваат помош на граѓаните на Хонгконг.

САД вчера почнаа со отстранување на посебниот статус на Хонгконг според американскиот закон, запирајќи го извозот на одбранбени средства и ограничувајќи го пристапот до високо технолошки производи.

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, зборувајќи на нејзината редовна прес-конференција, рече дека не е соодветно да се коментира законодавството со оглед дека состанокот во Пекинг сѐ уште трае, но затоа се осврна на потезите на Вашингтон.

– Ниту една форма на санкционирање никогаш нема да нѐ заплаши, рече Лам.

Пекинг вели дека законот, што доаѓа како одговор на минатогодишните чести насилни продемократски протести во Хонгконг, има за цел да се бори против субверзијата, тероризмот, сепаратизмот и договорите со странските сили.

Кинеската агенција Xinhua (新华社) објави некои одредби од законот, вклучително и дека тој ќе го замени постојното законодавство во Хонгконг, додека моќта на толкување му припаѓа на највисокиот  комитет на кинескиот Парламент.

Очекувањата сега се дека Пекинг ќе формира канцеларија за национална безбедност во Хонгконг, што ќе ја „надгледува, води и поддржува“ градската влада. Пекинг, исто така, во одредени случаи ќе може да ја преземе надлежноста.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе