Кинескиот ровер пронајде траги од вода на Марс

Кинескиот ровер Zhurong пронајде траги од вода на Марс. Станува збор за хидрирани минерали пронајдени во огромен базен на кој се верува дека претходно постоел праисториски океан, пишува CNN.

Овие докази укажуваат на присуство на вода на површината подолго отколку што досега се веруваше. Според анализата на податоци испратени на Земјата, трагите од вода откриени во примероците од минерали се стари 700 милиони години.

Се верува дека Марс бил влажен до пред околу 3 милијарди години, кога завршило второто геолошко доба на планетата. Во сегашниот период нема површински води.

Почвата што содржела минерали, а чиј примерок е земен од роверот, имала тврда кора која можеби се формирала со подигање на подземни води или топење на лед кој испарувал.

Кинескиот ровер ја истражува рамнината Utopia Planitia на која слета во мај, минатата година. Досега има минато околу 2 километри од местото на слетување. Примарната мисија на роверот е да пронајде траги од антички живот, па ги истражува минералите, околината и дистрибуцијата во вода. Роверот продолжува со истражување и испраќање информации до орбитерот Tianwen-1 , кој кружи околу планетата.

Студијата е објавена во списението Science Advances.

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Вести

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Read more
 

Гик

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неверојатна глетка снимена за прв пат во историјата: Пингвини скокаат од 15 метри

Читај повеќе

Литиум-јонските батерии ќе траат многу подолго благодарение на нов начин на полнење

Читај повеќе
  • play_arrow

Со IQ 228 се смета за најпаметна во светот, а ретко кој слушнал за неа

Читај повеќе

Instagram воведува голема промена

Читај повеќе