на пробен лет

Кинескиот суперсоничен авион постигна брзина поголема од 6 маха

Научниците официјално потврдија дека прототип на суперсоничен авион постигнал брзина од 6,56 маха за време на 20-минутниот пробен лет во пустината Гоби. Се верува дека овој авион ќе помогне да се оствари сонот за „едночасовно глобално патување“.

Станува збор за брзина која е доволна за авион да стигне од Пекинг до Њујорк за само 2 часа. За време на пробниот лет во 2021 година, чии детали беа објавени дури оваа недела, смалениот прототип на авионот достигнал брзина од 6,56 маха. Ова е шестпати поголема брзина од брзината на звукот.

Тестот овозможи рана евалуација на дизајнот што се сметаше за невозможен пред неколку години.

„Во тоа време, сите мислеа дека ова е луда идеја. Се соочивме со речиси универзален скептицизам. Сепак, останавме упорни, а јас верував дека иновациите секогаш успеваат кога постои сомнеж“, рече научникот Цуи Каи од Институтот за механика при Кинеската академија на науките.

Авионот значително се оддалечи од концептот на тенок хиперсоничен авион и сега има „дебел и тркалезен труп“, како и крила во облик на наметка. Тоа значи дека идниот хиперсоничен авион би можел да превезува ист број патници како и товарните џамбо џетови.

По една деценија работа на авионот, Цуи и неговиот тим добија дозвола за пробен лет во Центарот за лансирање на сателити „Џиукуан“ во пустината Гоби во Северозападна Кина во август 2021 година.

Овој дваесетминутен лет, кој може да се покаже како историска пресвртница во човечката авијација, решава долгогодишен предизвик за дизајнерите: како што се зголемува брзината на летот, употребливиот внатрешен простор се намалува. Поради ова, возрасните патници лесно можеа да удрат со главите додека стојат во легендарниот суперсоничен авион Concorde.

Сите суперсонични авиони кои можат да летаат со брзина поголема од 5 маха имаат исклучително ограничен внатрешен простор, поради што се користат за воени апликации. При големи брзини, предниот дел на големата воздушна рамка доживува значителен притисок надолу, што ја намалува неговата способност за „качување“.

Цуи додаде широк простор на крилата над рамката на авионот за да го претвори овој притисок надолу во подигање, ефикасно претворајќи го недостатокот во предност.

Сепак, ова резултираше со многу сложен дизајн. По откривањето на концептот во 2018 година, тимот на Цуи продолжи да го усовршува дизајнот и да спроведува тестирања во ветерен тунел. Секој тест бара значителни ресурси, а неколку беа спроведени за да се потврди издржливоста на различните модели, отворајќи го патот за успешен тест лет.

Поради техничката чувствителност на проектот, тестот се одржуваше во тајност три години. Кинеската академија на науките го објави говорот на Цуи на социјалните мрежи оваа недела, заедно со снимката од полетувањето на прототипот.

Во која фаза е изградбата на авионот со вистинска големина и кога евентуално ќе полета, засега нема информации.

„Бидејќи станува збор за најсовремена технологија, сè уште имаме многу предизвици за решавање, вклучително и прашања со силата, материјалите и структурата. Направивме само мал дел од работата и направивме скромен чекор напред“, рече Цуи.

Без разлика на сѐ, напорите на тимот би можеле да направат револуција во превозот на патници и да го претворат концептот на „едночасовно глобално патување“ од научна фантастика во реалност.

реклама

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Хороскопски знаци кои се подготвени за голем деловен успех во 2025 година

Read more

Вести

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Read more

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Read more
 

Гик

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Читај повеќе

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Читај повеќе

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Читај повеќе

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Читај повеќе

Јустинијан и најголемите навивачки немири во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет најчудни работи од CES 2025: Лажица додава сол во храната, јакна ги полни телефоните

Читај повеќе

Закерберг удри по Apple: Одамна не смислиле нешто одлично

Читај повеќе