Кинескиот вирус се пренесува од човек на човек, дали е мутиран САРС?

Смртоносниот кинески вирус се шири, а бројот на заразени се зголеми тројно во текот на викендов. Ситуацијата во перидот што следи би можело да се влошува, предупредуваат експертите.

Се работи за вирусот 2019-nCoV кој го напаѓа респираторниот систем и предизвикува кашлица, висока температура и тешкотии со дишењето. Може да се извлекуваат течности од белите дробови и да се прочистуваат и прошируваат дишните патишта со кислород, но тоа се само начини за ублажување на симптомите.

Антибиотиците се немоќни против корона вирусот, а единствено „оружје“ е сопствениот имунитет на човекот додека не се развие вакцина, што би можело да биде долгортраен процес, а и самата вакцина не е секогаш ефикасна.

Кога вирусот ќе мутира, нема корист од вакцинација, како што се случува секоја следна зима со грипот.

Има шпекулации дека вирусот 2019-nCoV всушност е мутирана верзија на САРС, вирусот од кој починаа речиси 800 луѓе во Азија во 2002 година.

ДНКА анализата на вирусот 2019-nCoV покажа дека е сличен на САРС, однсоно дека е негова модифицирана форма. Но, кинеските официјални служби тоа засега не го потврдуваат, можеби бидејќи се загрижени дека таквата информација би можело да предизвика паника во јавноста.

Вирусот се појави во Вухан, во самиот центар на Кина, а потоа се рашири низ други градови низ земјата и пошироко. Потврдени се случаи во Јапонија, на Тајланд и во Јужна Кореја и сите заразени се луѓе кои дошле од Вухан, град од кој секој ден илјадници луѓе патуваат кон други градови и земји.

За карантин најверојатно веќе е доцна, а се стравува дека кинеските власти не сакаат да потврдат дека станува збор за епидемија, како и дека вистинскиот број на заболени е десет пати поголем од оној што се кажува во јавност.

Британците сметаат дека реалната бројка на заболени изнесува 1.700 и дека постојано расте. Во Вухан живеат 11 милиони луѓе, што значи дека е совршена мета за мутираниот вирус.

Кинески експерти потврдија дека вирусот се пренесува од човек на човек, што значи дека се пренесува, меѓу другото, со кивање и кашлање.

Одредени експерти предупредуваат дека за кратко време ситуацијата би можело да стане опасна, а последиците страшни, ако бројките кои се соопштуваат не се реални.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Свет

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Read more

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Read more
 

Вести

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Читај повеќе

Џонсон: Балканот може да биде следната цел на Путин

Читај повеќе

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Читај повеќе

МОН: Во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес наставата ќе се реализира со скратени часови

Читај повеќе

Доживотен затвор за маж кој на свиреп начин уби жена во Кочани

Читај повеќе