Кинеските производители ќе увезуваат повеќе хибридни автомобили во ЕУ за да избегнат царини

Неколку водечки кинески производители ќе се фокусираат на зголемување на продажбата на хибридни автомобили во Европската Унија. Со овој потег Кинезите сакаат да избегнат нови царини за електричните автомобили што ги извезуваат во Европа.

Во контекст на тензиите меѓу Европската Унија и Кина околу новите царини за електричните автомобили увезени во Европа, неколку производители во оваа азиска земја сега почнаа да играат на друга карта. Имено, сега клучните кинески марки ќе се фокусираат на увоз на поголем број хибридни модели.

Во Европската Унија, автомобилите со овој тип на мотор, дури и оние кои доаѓаат од Кина, не подлежат на нови царини. Од друга страна, Кинезите се задоволни од растот на продажбата на хибриди, особено што хибридите го преземаа тронот од автомобилите на бензин во последните два месеца. Едно од три возила продадени во 10-тиот месец во Европа го имаа овој сè попопуларен погон.

Новите даноци стапија на сила во јули и првично беа привремени. Почнувајќи од крајот на октомври, Европската Унија воведе конечни тарифи за сите електрични автомобили произведени во Кина. Овие давачки важат во следните пет години и се применуваат како дополнување на веќе постојната царина од 10% за увезените автомобили кои доаѓаат надвор од Европската Унија.

Според новите податоци на Кинеската асоцијација за туризам (CPCA), од јули до октомври во Европа биле извезени 65.800 автомобили со хибридни мотори. Ова претставува тројно зголемување на извозот на овие автомобили на Стариот континент во споредба со истиот период во 2023 година.

Автомобилите со едноставни хибридни и plug-in хибридни мотори учествуваа со 18% од продажбата на кинески автомобили во Европа во третиот квартал од оваа година. Затоа, уделот на овие возила е двојно зголемен во споредба со првите три месеци од оваа година, кога продажбата на кинески хибридни автомобили во Европа учествуваше со само 9% од вкупната продажба.

реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Авто новости

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Read more

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Read more

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Read more

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Read more
 

Автомобили

Шпанија вложува во производството на електрични автомобили

Читај повеќе
  • filter

Toyota лансира нов луксузен бренд – и одбива да се префрли „на струја“

Читај повеќе

Малите автомобили се враќаат на улиците? Peugeot има наследник на 108

Читај повеќе
  • play_arrow

Дизајнерот што го смисли непопуларниот нов Jaguar доби отказ

Читај повеќе
  • play_arrow

Xiaomi EV ја надмина целта за 2025 година: Производните ленти „летаат“

Читај повеќе

ЕУ попушти: Бензинските и дизел моторите нема да бидат забранети!

Читај повеќе

Кои се најпродаваните брендови на автомобили во Европа?

Читај повеќе

Дали зрачењето во електричните автомобили е опасно?

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да ги одмрзнете прозорците на автомобилот без да ги оштетите?

Читај повеќе