Кинезите користат самоуправувачки трамваи кои не се движат по шини и немаат електрични водови

Во Кина се користат трамваи кои не се движат по шини и кои немаат електрични водови, туку се движат по асфалтна површина на која е исцртана патеката на движење.

Поконкретно, се работи за тип на возило кое е комбинација од трамвај и автобус. Тие изгледаат како трамваи, но се движат на гумени тркала. Сепак, нивното движење е многу полесно од движењето на автобусите благодарение на технологијата за нивно стабилизирање.

Трамваите Autonomous Rail Rapid Transit (ART) се користат во три кинески градови. Станува збор за самоуправувачки, автономни возила кои ја користат технологијата што се користи за автономни автомобили. Наместо електрични водови, тие имаат батерии кои се полнат при застанување на секоја станица.

Овие возила се 10 пати поевтини од конвенционалните трамваи. Можно е да започнете да ги користите неколку недели по купувањето, за разлика од конвенционалните што може да се користат неколку недели или дури месеци по купувањето. Покрај тоа, нема големи трошоци за одржување на трамвајската линија.

Сè повеќе држави планираат да ги набават овие трамваи, кои се особено важни за ревитализација на предградијата. Меѓу овие земји се Малезија, Израел и Австралија. Се очекува тие подобро да ги поврзат централните со попериферните делови на градовите и да бидат уште поеколошки и поефикасна замена за автомобилите, објаснуваат од Светскиот економски форум.

Remote video URL
реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Вести

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Read more

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Read more

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Read more

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Read more
 

Гик

Од Лондон до Њујорк повторно за 3 часа? Се враќаат суперсоничните патнички авиони

Читај повеќе

Климатолозите објавија мрачен извештај: Ќе дојдеме до точката од која нема враќање

Читај повеќе

Песокот од Сахара што паѓа над Европа е радиоактивен, според научна студија

Читај повеќе

НАСА наскоро ќе лансира нов вселенски телескоп SPHEREx

Читај повеќе

Apple Intelligence ќе добие поддршка за повеќе јазици во април

Читај повеќе

Forza Horizon 5 доаѓа на PlayStation 5

Читај повеќе

Google Play воведе верификација за VPN апликациите

Читај повеќе

Во Данска пронајдени фосили стари 66 милиони години - откриваат кој кого јадел

Читај повеќе

Windows 11 наскоро би можел да го олесни споделувањето датотеки

Читај повеќе