Сепак не се закана

Кинезите со слаба продажба на електрични автомобили во Европа

Продажбата на електрични автомобили од кинески марки во Европа е на најниско ниво во последните 18 месеци, покажуваат најновите податоци.

Бројот на регистрации во август е за речиси 50 отсто помал во однос на истиот месец лани.

Веќе знаеме дека апетитот на клиентите за автомобили со нулта емисија значително се намали во последно време. Со истиот проблем се соочуваат и кинеските производители на електрични автомобили кои имаат понуда на европскиот пазар.

Продажбата е на најниско ниво во последните 18 месеци. Во исто време, падот од 48 отсто доведе до фактот дека пазарниот удел на кинеските производители се намалува втор месец по ред.

Податоците исто така покажаа дека SAIC Motor Corp го загуби првото место во Европа од конкурентот BYD, кој беше еден од ретките што забележа раст од 10 проценти во регистрациите. На ова секако влијаеше и продажбата на марката MG (сопственост на SAIC), која падна за дури 65 отсто во осмиот месец, со оглед на тоа што брендот повеќе се фокусираше на хибридни и plug-in хибридни автомобили, а не на електрични возила.

Едно од објаснувањата за овој пад би можело да биде неизвесноста за дополнителните царини што Европската Унија сака да ги наметне на кинеските производители на електрични автомобили. Според последните информации, ЕУ неделава ќе ја финализира стапката на новите даноци.

Сепак, европскиот пазар генерално се соочува со постојан пад на бројот на регистрирани електрични возила, што е надополнето со неизвесноста со која се соочуваат производителите на автомобили. За осум месеци од годинава продажбата паднала за 5,5 отсто.

Производителите на автомобили ќе се соочат со построги цели на ЕУ за емисиите на CO2 следната година, бидејќи сегашната граница на просечните емисии на нови возила треба да се намали од 116 g/km на 94 g/km следната година. Европските производители на автомобили уште еднаш го повикаа Брисел да ги преиспита своите цели за климата.

реклама

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more

Бела снегулка - рецепт за омилениот колач на Јованка Броз

Read more

Пет намирници кои никогаш не треба да ги консумирате на празен стомак

Read more

Колку треба да пешачите секој ден според возраста за да бидете здрави?

Read more

Авто новости

Значително поскапеа некои постари половни автомобили

Read more

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

Read more

Промена на курсот: Германските гиганти остануваат верни на бензинците

Read more

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Read more
 

Автомобили

Значително поскапеа некои постари половни автомобили

Читај повеќе
  • filter

#BULLILOVEstories – Фасцинантната приказна за глобалниот феномен на Volkswagen Bulli пристигна во Македонија

Читај повеќе

Промена на курсот: Германските гиганти остануваат верни на бензинците

Читај повеќе
  • filter

Легендата се враќа: Како ќе изгледа новото Yugo за 21 век?

Читај повеќе

Конечно откриено како изгледа Kia EV4

Читај повеќе
  • filter

Објавена листа со најпопуларните автомобилски брендови во Европа

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Читај повеќе

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе