Свет

Кинезите во рекордно време изградија болница за лекување од корона вирусот

29. јануари 2020 - 14:53 | Б.С.Б.

Повеќе од 500 работници ја завршија градбата на болница во близина на кинескиот град Вухан, а за само 48 часа ја средија комплетната внатрешност на медицинскиот објект.

Станува збор за болница со 1.000 кревети која е веќе е отворена за пациенти. Објектот првично требаше да биде завршен во мај, но на изградбата без застој работеа електричари, градежници и полицајци за да биде објектот наменет за згрижување пациенти заразени од корона вирусот, кој досега однесе 132 животи.

Властите во петокот објавија дека ќе го пренаменат објектот и ќе ја забрзаат изградбата. Оваа болница веќе има вода, струја, интернет и е целосно спремна за пациенти.

Светските медиуми наведуваат дека кинеските власти објавиле амбициозен проект, а тоа е да изградат четири болници за многу краток период.

Станува збор за монтажни згради моделирани по медицински центар изграден во 2003 година во Пекинг, изграден за само 7 дена, а наменет за лекување од САРС.

Коментирај