По цели три недели, конечно има промена на највисокото место на светскиот бокс-офис. „Kingsman: The Golden Circle“ во првиот викенд од прикажувањето успеа да го прескокне „It“, кој во претходните две недели поставуваше рекорди низ светските кино-сали.
„Kingsman: The Golden Circle“ успеа да собере 39 милиони долари на американскиот пазар, како и 61 милион во останатите кино-сали низ светот, со што го доведе конечното салдо на нешто над 100 милиони долари. Филмот е многу блиску до заработка која би го исплатила продукцискиот буџет потребен за снимањето, кој изнесуваше 104 милиони долари.
Сепак, овие вести не ги растажија премногу продуцентите на „It“, затоа што филмот овој викенд заработи 30 милиони, што е импресивна сума земајќи во предвид дека е во третата недела на прикажување. Со тоа заработката на „It“веќе надмина 500 милиони, што е далеку над продукцискиот буџет потребен за изработка на филмот.
Ова е целосната листа на најгледани филмови за минатата недела:
- Kingsman: The Golden Circle – 39 милиони долари
- It – 30 милиони
- The Lego Ninjago Movie – 21,2 милиони
- American Assassin – 6,3 милиони
- Home Again – 3,3 милиони
- mother! – 3,2 милиони
- Friend Request – 2,4 милиони
- The Hitman’s Bodyguard – 1,9 милиони
- Stronger – 1,7 милиони
- Wind River – 1,2 милиони