Утре во Кинотеката на Македонија

Кино концерт на Европскиот креативен оркестар на ФАМЕ’С и диригентот Оливие Дежур

Европскиот креативен оркестар при институтот ФАМЕ’С предводен од францускиот диригент Оливие Дежур, утревечер ќе одржи кино концерт со почеток од 19 часот во Кинотеката на Македонија. 

Овој проект е дел од третиот семинар на институтот ФАМЕ’С наменет за млади музичари од различни европски земји и од Македонија, во чии рамки овие млади луѓе имаат можност да се обучат и да го практикуваат и усовршат своето знаење во делот на оркестарското свирење и музицирање, да се запознаат со различни стилови во областа на симфониското музицирање, како и филмската и медиумската индустрија. 

На репертоарот на концертот е проекција на немиот филм „Авантурите на Принц Ахмед“ кој се смета за првиот анимиран филм во историјата на филмската уметност и концертна изведба во живо на оригиналната музика од истиот. 

Филмот се заснова на приказни од популарното дело „Арапска ноќ“ и го следи патешествието на Принцот Ахмед.

Како дел од проектот минатата година се одржаа неколку семинари, каде се работеше на класичната, филмска и хибридна музика, Carte Blanche како и мастерклас за студиско снимање. Во нивни рамки се одржаа неколку концерти и тоа во Скопје, концертот во Филхармонија, раководен од Маестро Бенџамин Шварц, потоа концертот во соработка со ECSA (европската асоцијација на композитори) кој се одржа во Сплит, на специјалниот настан на доделување на Камил наградите, како и концертот на филмска музика во Сплит, раководени од Маестро Тимоти Редмонд.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот во партнерство со Скопскиот Џез Фестивал, настапи на отворањето на минатогодинешното издание на фестивалот, заедно со музичката ѕвезда Роб Мазурек и неговиот Експлодинг стар оркестра. Мазурек беше дел и од вториот семинар со Carte Blanche мастерклас.  

Следна активност е семинарот за хибридна музика со популарниот двоец, диригентот Етиен Абелин и познатиот диџеј и продуцент Габриел Прокофјев, во чиишто рамки ќе се одржи концерт во Белград на 18-ти февруари во концертната сала „Коларац“.  

Проектот е ко-основан од Креативна Европа со поддршка на Европската Комисија, како дел од проектот Паневропски културни ентитети 2021-2027 година .

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Read more

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Култура

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Read more

Објавен конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ во 2023 година

Read more

Објавена програмата за 57. МТФ Војдан Чернодрински

Read more

Објавена програмата за 11. Викенд на гордоста Скопје

Read more
 

Вести

Сигна инспекцискиот наод: Момчето-убиец не било малтретирано од соучениците

Читај повеќе

Претпладне сончево, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе

За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и малолетник

Читај повеќе

ДУИ: И по 5 години Мицкоски не успева да излезе од сенката на Груевски

Читај повеќе

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Читај повеќе

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева во Филхармонија

Читај повеќе

Зеленски: Подготвени сме за контраофанзива

Читај повеќе

Вучиќ: Секој ден може да дојде до ескалација, Курти нема да престане

Читај повеќе

Рама: Србите да се вратат во институциите, Косово веднаш да распише нови избори

Читај повеќе