Фудбал
СЕРИЈА А 2019/20

Кинотека Михајловиќ: Со филмови ги мотивира играчите на Болоња

8. октомври 2019 - 17:05 | Ф.З.

Тренерот на Болоња бира исклучиво филмови снимани или според вистински настани или кои прикажуваат херојство во вистинскиот живот, а со ваков начин на мотивирање почна уште минатата сезона.

Фудбалерите на Болоња заедно со тренерите ги гледаат проекциите во клупскиот тренинг-центар во населбата Кастелдеболе, а филмовите ги бира српскиот стратег. Иницијативата почна лани кога Болоња беше пред испаѓање и на играчите им беше потребна силна доза на мотивација. Михајловиќ ја најде во филмовите „Alexander“ (2004), „The Flight of the Phoenix“ (1965) и унгарскиот „Fehér Tenyér“ (2006), првиот историска приказна за Александар Македонски, вториот снимен според истоимената книга која ја обработува приказната за група луѓе кои пробуваат да приживеат откако нивниот авион ќе мора принудно да слета среде Сахара, а третиот за унгарскиот гимнастичар Миклош.

Жилавост, борба, не откажување, никогаш не е готово, тоа се пораките на филмовите одбрани од Михајловиќ со кои пробува да им го крене моралот на своите фудбалери.

Сезонава досега им пушти два филма и двата со Вил Смит. Прво автобиографската драма „The Pursuit of Happyness“ (2006) за еден продавач кој е бездомник, а потоа филмот за голф „The Legend of Bagger Vance“ (2000) во режија на Роберт Редфорд со Мет Дејмон и Шарлиз Терон покрај Смит.

Просечниот тим на Болоња сезонава по 7 кола собра 9 бода, загуби само двапати и е на делба на 10-тото место со Милан, Парма и Верона.

Коментирај