Кинотека со богата декемвриска понуда на европски класици и домашни филмови

Декември е последниот месец во годината, месецот пред новогодишните и божиќните празници, месец кога се трошат најмногу пари за убави нешта, се прават ретроспективи на сите активности и случувања од целата година. Овој декември Кинотеката ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи постпандемично, сите сакаме да го смениме секојдневниот домашен амбиент.

На самиот почеток на овој месец Кинотеката, во партнество со киномрежата во која членува – Europa Cinemas, се придружува кон иницијативата на Eвропската филмска академија наречена (EFA) „Месец на европски филм“ која започна пред три недели. Во тие рамки, сѐ до 10 декември, и локални киносали и големи киномрежи ќе прикажуваат специјални програми, настани и ретроспективи со кои ја промовираат богатата европска кинематогафија.

-Ние се приклучуваме кон оваа иницијатива со циклусот филмови на познатиот чешки режисер (а и актер, и автор, и професор..) Јиржи Менцл, кој со својот сензибилитет на филмско раскажување нема да ве остави рамнодушни. Менцл гостуваше во Кинотеката во 2009 година и во Скопје, и на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, а на македонскат публика, онаа со изгледана поголема километража на филмски летни – добро ѝ е познат. Неговите класици СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ, СТРИЖЕНО-КОСЕНО, ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА, СНЕЖEН ФЕСТИВАЛ, СЕЛО МОЕ МАЛО, КРАЈОТ НА СТАРИТЕ ВРЕМИЊА, ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ СО КАМЕРА, САМОТИЈА ВО ШУМАТА и НЕПРЕДВИДЛИВО ЛЕТО, како и филмот-омнибус БИСЕРИ НА ДНОТО составен од кратки филмови на највлијателните чешки режисери во средината на 60-ите години на минатиот век (Вера Читилова, Јаромил Јиреш, Јиржи Менцел, Евалд Шорм и Јан Немец) ќе бидат на програмата од првата третина од месецот.

По Менцл „европската“ програма, продолжува со циклусот на Полјакот Анджеј Вајда, а ќе следи документарниот ЖУРНАЛ ЗА ЖЕЛИМИР ЖИЛНИК на Јанко Баљак, со кој се заокружува овој декемвриски фокус на култни режисерки имиња.

Во редовната соработка со Францускиот институт од Скопје, во декември ќе биде прикажан филмот ПРЕЗИР на Жан-Лук Годар кој неодамна „замина“ на Елисејските полиња, а од современата француска кинематографија, ќе се опуштиме со комедијата „Роден лажго“.

И овој месец на Програмата ќе бидат понудени повеќе домашни наслови, а покрај играните филмови во кинотечната програма ќе бидат застапени и краткометражните филмови кои вообичаено се запоставувани како форма во комерцијалните кинопрограми.

-Така, од таа краткометражна „категорија“, на почетокот на месецот ја имаме премиерата на ТАЛЕ И КОРОНА на Томислав Алексов, а подоцна ги прикажуваме и ШЕЌЕРНИ ЛУЃЕ на Сузана Диневски, САМО ЃАВОЛОТ СЕ ПЛАШИ ОД ВОДА на Лидија Мојсовска и ГОСПОДАТА ОД СОВРЕМЕНА на Ана Алексовска. Со актуелната црна комедија КАЈМАК, последното остварување на Милчо Манчевски, и урбанта психолошка драма МИМИ на Дарјан Пејовски, како и документарниот (со оригинален наслов) HOW DO YOU DEFFINE AROGANCE на Небојша Илијевски, ја комплетираме нашата македонска филмска репрезентација во последниот месец од годинава, наведуваат од Кинотеката.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Култура

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Read more

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Read more

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Read more

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе