Кипар денеска ги отвора аеродромите, но само за 19 земји

Под посебни правила, меѓу кои и претходно направен тест за COVID-19 и со потпишана декларација, од денеска е дозволено патување на Кипар, но само за 19 земји, поделени во две категории.

Постепеното укинување на рестриктивните мерки за летовите, ќе биде во две фази, првата од денеска до 19 јуни и ќе биде задолжителен негативен тест за сите патници од државите вклучени во двете категории, а втората фаза ќе започне од 20 јуни 2020 година и тестот ќе се бара само за оние од втората група, јави дописничката на МИА од Атина.

Со земени предвид епидемиолошките податоци, репродукцискиот број Р0, дневните нови случаи, седмичниот број на смртни случаи и спроведени тестови на 100.000 жители, Кипар објави две листи на држави – една со ниска, друга со зголемена опасност.

Во првата група земји со ниска опасност се Малта, Грција, Бугарија, Норвешка, Австрија, Финска, Словачка, Унгарија, Израел, Данска, Германија, Словенија и Литванија и за нив, од 20 јуни не се предвидени никакви рестрикции и нема да биде потребен тест.

Во втората група со зголемена опасност во споредба со првата, се Швајцарија, Чешка, Полска, Романија, Хрватска и Естонија и ќе биде задолжителен ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето како во првата, така и во втората фаза од 20 јуни.

За земјите кои не се вклучено во двете категории, дозволен ќе биде влез само за посебни околности и по одобрување од кипарската Влада.

Министерството за здравство на Кипар секоја седмица ќе ги ажурира листите на држави и отворена е можноста да се додаваат или отстрануваат земји, во зависност од епидемиолошката слика.

Како што веќе објави МИА пред две седмици, Република Кипар издаде конкретни туристички протоколи за сите оние кои ќе патуваат на островот. Освен негативниот тест во конкретните случаи, туристите ќе треба да пополнат и „COVID-19 патничка изјава“ што ќе содржи информации за тоа дали лицето патувало 14 дена пред посетата на Кипар; потврда претходните две седмици дека не патувало или живеело во земја што не е вклучена во листите; потврда дека нема симптоми поврзани со COVID-19, 72 часа пред патувањето и не бил во контакт со заразено лице; изјава дека на Кипар доаѓа на своја одговорност, а државата и туристичкиот објект во кој ќе престојува не носат одговорност доколку се зарази, како и во случај да се појават симптоми на 14 дена по заминувањето од островот, дека ќе ги известат здравствените власти на Кипар.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Свет

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Новинарска фотографија на годината: Не сакаше да го пушти телото на девојчето

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе