Кипар ќе им ги плати трошоците на туристите ако се заразат со коронавирус

Кипарските власти ветија дека ќе ги платат трошоците за секој турист кој ќе се зарази со коронавирус додека престојува во земјата.

Оваа одлука е дел од пакетот мерки чија цел е да се вратат туристите на Кипар.

Владата вети дека ако турист се зарази за време на престојот во земјата, ќе ги плати сместувањето, лекувањето и храната за пациентите и нивните семејства.

Туристите ќе ги сносат „само“ трошоците за превоз до аеродром и за повратниот лет.

Туризмот придонесе со околу 15% кон БДП на Кипар минатата година, па владата прави сѐ за да ги врати туристите што е можно побрзо.

„Ударот е огромен и даваме сѐ од себе да го спасиме остатокот од сезоната“, изјави кипарскиоот заменик-министер за туризам Савас Пердиос, додавајќи дека напорно работеле за да го држат под контрола вирусот во земјата.

Кипар ќе обезбеди 100 болнички легла за туристи кои би се заразиле, како и т.н. „карантин хотели“ за семејствата на пациентите.

Кипар планира да ги отвори аеродромите на 9 јуни за неколку земји кои се сметаат за земји со низок ризик, како Германија, Грција, Израел и Малта. Листата ќе се ажурира на неделно ниво.

Пердиос смета дека туристите од Велика Британија и Русија, кои заедно сочинуваат повеќе од половина од туристите на Кипар, најверојатно ќе добијат дозвола за патување на медитеранскиот остров во јули.

Европските влади дискутираат кој ќе биде најдобриот начин да се рестартира летната сезона додека европските земји ја ставаат пандемијата под контрола.

Минатата недела 11 земји членки на ЕУ – Австрија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија – се согласија да се постават правила со цел да се дозволи патување преку границите со најмал ризик за заразување со COVID-19.

На Кипар има 939 потврдени случаи на COVID-19 и 17 починати пациенти од болеста. Во пандемијата досега се заразени речиси 5,8 милиони луѓе ширум светот, од кои 2,5 милиони оздравеа, а речиси 360.000 починаа.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Живот

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Read more

Дали би платиле 2.000 евра за Лагото Ромањоло – куче кое наоѓа тартуфи?

Read more
 

Магазин

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Читај повеќе

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Читај повеќе

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Читај повеќе

Совет здравје вреден: Како да разликувате рециклиран убрус од направен од чиста целулоза?

Читај повеќе